(ВИДЕО) Чакалот го детронира светскиот шампион

од desk3
100 прегледи

Ирецот Карл Фремптон – Чакалot го детронира шампионот на Светската боксерска асоцијација Лео Санта Круз – Земјотресот од Мексико на галавечер во Њујорк. Натпреварот беше одличен спектакл, а публиката аплаудираше на нозе двајцата боксери.

Leo-Santa-Cruz-vs-Carl-Frampton-Highlights

По финалниот гонг двајца од судиите дадоа предност за Фремптон (117: 111, 116: 112), додека третиот даде еднаквост – 114: 114.

Ова беше 23-та победа за новиот шампион, кој го одигра првиот натпревар во категорија перо. Билансот на Санта Круз е 32 успеси, 1 изденачување и 1 пораз.