Овој нов и автоматизиран робот може да изгради куќа за само 2 дена. Тој умее да се движи 4 пати побрзо од градителите. Се вика Hadrian X и е дело на австралиската компанија Fastbrick Robotics Limited.Способен е да реди по 1000 тули на час, бидејќи, за разлика од луѓето, тој нема потреба од одмор. Hadrian X може да работи деноноќно. Прототипот на компанијата ја демонстрира способноста инсталирана на мало скеле, да изгради магацин, чија изградба може да се набљудуваат преку приложениото видео. Hadrian X е опремен со 30-метарска “рака”, која може да прави се што и еден градител, со таа разлика што е побрз.
Машината, како што гледате, е прилично голема, но лесно може да се вметне на градилиште. Само ја придвиждате и ја паркирате, каде што е потребно. Роботот може да сече, и да ги подредува тулите според одреден модел. А основата останува неподвижна, додека огромната рака ги става тулите од едно место на друго. Процесот како целина е од ист тип. Камионот се полни со палети со тули, а работата на робот е да ги нареди. Hadrian X одлично се справува како со нанесување на цемент на тулите, така и да го почитува моделот на изградба, кој му е поставен. Системот користи ласер кој ја насочува раката и прецизно ги реди тулите. Место за грешки нема. Цементот ја елиминира потребата од малтер. Затоа Hadrian X може да гради ѕид по ѕид без човечка помош.
