Трамп го предупреди САД: Не се обидувајте да го тргнете Крим од Русија, ќе експлодира Трета светска војна!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Републиканскиот кандидат за претседател повторно повика на сојуз меѓу Вашингтон и Москва во битката против “Исламска држава”

1470118071-trump
Обидите на САД со сила да го одземат Крим од Русија, за да ги вратат полуостровот на Украина, може да биде причина за избувнувањето на Трета светска војна. Ова го изјави републиканецот Доланд Трамп на предизборен митинг пред своите приврзаници во Охајо, пренесува РИА Новости.Републиканецот потсети на  разговор со дописникот на ABC, каде вели: “Јас го реков. Тоа беше пред околу две години. Но сакам да знам, сакате ли да ја започнете Трета светска војна, за да го вратите Крим? ” Во својот говор на жителите од Охајо, Трамп повика на сојуз со Русија во борбата против Исламската држава . Тој додаде дека кон нив може да се приклучат и соседните земји, како и НАТО.
Претходно, Доналд Трамп не исклучи дека при победа на изборите во ноември може да го признае Крим за дел од Русија и да ги  симне санкциите против Москва. Тој додаде дека жителите на Крим сакаат да бидат со Русија, но “не таму каде што биле пред”. Во Кремљ  зборовите на милионерот ги нарекоа”предизборна реторика”.