Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и фудбалерот Кристијано Роналдо, се сретнаа на концертот на Џенифер Лопез во Лас Вегас.

Откако првиот дел од својот одмор го помина со семејството на луксузна јахта, вториот дел од одморот Роналдо одлучи да го помине во американската престолнина на коцката – Лас Вегас. Португалскиот фудбалер присуствуваше на спектаклот на Џеј Ло. Славниот фудбалер присуствуваше на шоуто „Планет Холивуд“ во Лас Вегас, а претходно беше еден од ВИП гостите на прославата на 47-миот роденден на латино дивата. 
Во текот на шоуто, 31-годишниот Роналдо позирал на фотографиите со среќните фанови во првиот ред на ВИП ложата заедно со другите славни личности како Ким Кардашијан. Фудбалерот и старлетата, двајцата планетарно популарни, направија заедничка фотографија, а од видеото може да се забележи дека Ким била задоволна, но и самиот Роналдо.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк:https://www.facebook.com/101GreatGoalsCom/videos/vb.114682465256092/1405289719528687/?type=2&theater