Малку машки списанија се толку култни како што е Playboy. Изданието е основано во Чикаго во 1953 година од Хју Хефнер, кој тогаш зема позајмени илјада долари од својата мајка, за да успее да го издаде првиот број.
Списанието е одговорно за лансирање и промоција на кариерата на илјадници модели и актерки во текот на годините.
Многу од најсексапилните убавици се согласуваат да позираат за Playboy повеќе од еднаш – обично пред славата и по неа. Има и жешки убавици кои се насочуваат кон сосема поинаква професија по настапите во списанието.
Во случајот, фотографот Надав Кандер решава сам да покани некои од првите модели кои се осмелуваат да ја симнат својата облека за изданието, во периодот меѓу 1954 и 1979 година.
На водечката слика ја гледате 82-годишната Долорес Дел Монте, која се фотографираше за списанието во март, 1954 година. По ерата Playboy “зајаче” Долорес успева да направи кариера во секторот за односи со јавноста.
Долу гледате слики на денес 65-годишната Елена Антоначио која била Мис јуни 1969 година. По сесијата за изданието, таа се насочува кон бизнисот со миленичиња.

Дамата на долните кадри денес има 59 години и се вика Лора Олдриџ. Таа била Мис февруари 1976, а по ерата Playboy работи како стилист и декоратер.

Блондинката подолу има 64 години и се вика Џенет Лупо. Таа била Мис ноември 1975. По сесијата за Playboy таа се реализира како агент за недвижности и претприемач.

60-годишната Кендис Џордан (на сликата подолу) била Мис декември 1979 година. По седницата за Playboy таа прави кариера како новинар.

65-годишната Мерилин Кол Лоуанс била Мис јануари 1972 година. По Playboy таа исто успева да направи кариера како новинар.
