Деветогодишно дете спречило киднапирање на новородената сестра

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

Германската полиција соопшти дека спречила киднапирање на новородено бебе во Хамбург, благодарејќи на брзата реакција на нејзиниот деветгодишен брат.bebe

Во соопштението на полицијата се наведува дека 34-годишна Германка од болничка соба го украла бебето сатро еден ден, додека нејзината мајка спиела.

Но, братчето на бебето ја забележало кражбата и се упатило по неименуваната жена. Кога ја стигнало, детето и се обратило на жената, по што таа му го вратила девојчето, се наведува во полициксото соопштение.

Полицискиот потпарол Улф Вундрак изјави дека момчето „многу помогнало“ во враќањето на киднапираното бебе.