[РЕЦЕПТ] Фина чоколадна глазура за торта

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Состојки:
200 гр кафеав шеќер
1 чаша вода
2 белки
2 парчиња чоколадо за готвење (стандардна големина блокче)2ed8b397c1cf6cc16368a334a21cce2d

Подготовка:
Прелијте ги шеќерот и водата во тенџере и варете додека не се добие густ сладок сируп. Одделно измешајте ги белките. Во меѓувреме изрендајте го чоколадото. Малку по малку, започнете да го додавате кон топлиот сируп мешајќи постојано, за да не се формираат грутки. Глазурата треба да стане многу мазна.

Потоа измешајте со помош на миксер со тоа што ќе ги додадете и белките. Глазурата се прелива преку торта или колач, се разнесува со шпатула и се остава да се зацврсти.