Во една неподносливо религиозна држава како Иран жените едноставно немаат избор – тие се обврзани да одат забулени, за разлика од мажите. Една нова кампања “ја зартува страната” и многу мажи облекоа хиџаби. Зошто?-анализира DW.

Многу ирански семејства почнаа да качуваат на Фејсбук слики на кои мажите носат хиџаб, а жените ги покажаа слободно своите лица и коса. Кампањата #MenInHijab е замислена како форма на машки протест против задолжителното во Иран забулување на нивните жени, ќерки, сестри, мајки и пријателки.
“Ова е катастрофа”
Пред “Билд цајтунг” татко и син, кои ја поддржуваат иницијативата, споделуваат: “Прво многу се смеевме, но потоа почнавме да се потиме напорно. Конечно разбравме дека да одиш секој ден забулен е вистинска катастрофа за жените во семејството”.
Пред истото издание иницијаторот на кампањата Масин Алинеџад раскажува дека ја размислувала идејата веќе неколку месеци. “Во една неподносливо религиозна држава како Иран едноставно немаш избор – те принудуваат да носиш покривало на главата. Ако откажеш, те тепаат, губиш работа или директно одиш во затвор. За да покажам на светот, а и на самиот него, какво понижување е некој да те обврзува да се забуиш, зедов една слика на министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и му “ставив” марама. Го постирав колажот на страницата на Фејсбук со порака до мажите да се покријат и да споделат какво е чувството. ”
И машката реакција не е задоцнета: безброј ирански мажи одговораат и почнале да постираат под хаштагот #MenInHijab свои слики со забулени глави. Многу од нив живеат во Иран. Постепено некои од нив почнале да се сликаат заедно со партнерката – мажот забулен, а жената без покривка. Во меѓувреме цели семејства испраќаат такви селфија.
Иницијативата е двојна манифестација на граѓанска непослушност, коментира германскиот ФАЦ: “Прво таа претставува напад против забраната да се ужива во Фејсбук и Твитер (во Иран е дозволена само платформата Инстаграм), и второ – иранските жени не само што се прикажуваат незабулени, но го прават тоа и на интернет “, пишува весникот. Понатаму во статијата читаме: А не е ли глупаво мажи да се сликаат со шамии? Да, глупаво е исто толку колку и тврдењето дека женската коса го привлекувала со магична сила мажот и затоа требало да се кријат со шамии, одговара ФАЦ.

Не е кривично дело
“Во 21 век жените треба да можат сами да одлучат дали да ги покриваат главите со шамии или не. Не може тоа да се смета за кривично дело”, вели Алинеџад, цитирана од “Билд цајтунг”.
Од 1979 година во Иран е задолжително жените да носат покривало за глава. Условот е да не се гледаат косата, ушите, вратот и горниот дел на градите под брадата. За почитување на овие правила се грижи таканаречената морална полиција. Според официјалните податоци, годишно милиони ирански жени се застануваат за проверки,се казнети или се изведени суд поради повеќе отворени облекување.
Пред неколку години во Иран имаше друга протестна кампања против задолжителното забулувањето на жените. Тогаш многу жени се фотографираа без навлаки за горниот дел од телото и ги испратија своите слики на Фејсбук. Во меѓувреме сајтот StealthyFreedom има над еден милион пријатели. Во 2009 година, пак, иранскиот студент Маџид Таваколи беше уапсен откако на митингот во Техеран се појави со фустан и со ставен хиџаб. Од солидарност со него многу Иранци тогаш се фотографираа со шамии на главите. Според податоците на Амнести интернешенел, за делото Маџид Таваколи добил 8 години затвор.