Операцијата „Бура“ : Протерувањето на Србите за отцепување на Хрватска од Југославија

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Во воената операција „Бура“, што почна на 4 август 1995 година на подрачјето на „Република Српска Краина“ во Хрватска, беа убиени или исчезнаа околу 2.000 Срби, а протерани се околу 220.000 лица, утринава одбележува српската телевизија -РТС.55c07d35e6eac4.88949802_oluja2

Според телевизијата, еден ден подоцна хрватската војска влегла во речиси целосно напуштениот и претходно жестоко гранатиран град Книн, во кој пред „Бура“ живееле повеќе од 90 отсто Срби. За само неколку дена, скршен бил отпорот на војската на Српска Краина, која на подрачјето на Книнска краина броела околу 30.000 војници.

Од територијата на „Република Српска Краина“, тргнал бран од бегалци во кој имало повеќе од 200.000 лица. На пат кон Србија и Република Српска бегалските колони постојано биле напаѓани од хрватската артилерија и воено воздухопловство.

Во Краина останале само цивили, кои биле изложени на терор и по формалното завршување на операцијата „Бура“,  на 7 август.4.8.oluja_

Тогашниот командант на цивилната полиција на мировните сили на ОН, за подрачјето на Книн, генерал Алан Горан, во својот извештај на крајот од својата мисија напишал дека полицијата на ОН на тоа подрачје, по доаѓањето на хрватските сили, пронашла 128 убиени српски цивили и 73 отсто уништени куќи.

Во продолжението на акцијата во БиХ, со операцијата „Маестрал“, хрватските и муслиманските сили убиле уште 655 и протерале околу 125.000 српски жители од Босна и Херцеговина.

Во евиденцијата на „Веритас“ се наоѓаат имињата на 837 исчезнати лица, во поголемиот дел цивили, а меѓу нив 308 се жени.

„Веритас“ наведува дека против краишките Срби (околу 230.000 жители со околу 30.000 војници) биле ангажирани околу 200.000 хрватски војници, од кои во операцијата директно учествувале 138.500 припадници на Хрватската војска, МВР и ХВО.