Во Италија беше донесен закон за серија мерки со кои треба да биде значително намалено количеството од исфрлање храна во ѓубре , пренесе БГНЕС. Законскиот проектът беше поддржан од 181 сенатори, двајца се воздржаа, а 16 беа против. Целта на текстот е намалувањето од 5 милиони тони на 1 милион тони на прехранбените производи кои секоја година одат во ѓубре.

Министерот за земјоделство, Маурицио Мартина го поздрави новиот закон. Според проценките на владата загубите од уништување на прехранбени производи ги чини економијата и жителите на земјата околу 12 милијарди долари годишно.
Според некои податоци може да се покаже бројка и над 1% од БДП на земјата. Овој проблем не е очигледен само во Италија. Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) во светот се губат околу една третина од произведените прехранбени производи, а во Европа загубите достигнуваат до 40%.
“Со производите кои денес се исфрлаат во Европа, би можеле да бидат нахранети 200 милиони души”, тврдат од ФАО.
Пратениците во Италија не за прв пат обрнаа внимание на проблемите на борбата со гладот. Пред три месеци Врховниот суд на земјата пресуди дека кражбата на мало количество храна со цел анулирање на гладот не е злосторство.
До донесувањето на новиот закон производителите и продавачите ќе се соочат со големи ризици и потешкотии при обидите за намалување на обемот не непотребните храни. На пример, многу од нив стравуваа да не ги нарушат стандардите за хигиена и безбедност при донирање на добротворни организации на производите, чиј рок на траење е истечен.
Новиот закон ја олеснува процедурата при вакви донации, ослободувајќи ги продавачите од потребата да следат строги санитарни стандарди. Сега компаниите можат само еден пат во месецот да пополнуваат документ за регистрираните дадени од нив хранливи производи.Исто така се симнува одговорноста за продажба на производи со поминат рок на траење, а освен тоа, колку повеќе од стоката тие жртвуваат, толку помалку даноци ќе плаќаат. Сега и фармерите спокојно можат да ги подарат непродадените земјоделски производи, без да плаќаат ништо за неа.
Министерството за земјоделство одвои 1 милион евра за истражување во областа на создавањето на посовршен начини за пакување на прехранбени производи. Ќе биде спроведена пропагандна кампања за намалување на обемот на фрлање храна.
Италијанците се привлечени најмногу од воведувањето на т. Н. “Семејна пазарна торба”, која треба да доведе до сериозни културни промени во италијанското општество. Станува збор за контејнери, обични хартиени, во кои во рестораните ќе се собираат остатоците од недоизедена од клиентите храна, која тие можат да си ја однесат дома.
Во италијанските ресторани таа традиција никогаш не постоела. И во други земји се преземат мерки во оваа насока. На почетокот на годината во Франција беа применети комплексни мерки насочени кон намалување на количината на фрлањето висококвалитетни производи. Во оваа земја мерките беа уште посериозни. На пример на сопствениците на супермаркети беа наметнати казни ако не склучуваат договори со добротворни организации кои се занимаваат со дистрибуција на производите.