Турција и НАТО: танц на тенок мраз

од desk3
81 прегледи

Никогаш во НАТО не сме можеле да сметаме 100% на Турција, вели генерал Кујат. Но Алијансата нема ефикасни средства за влијание – таа може да ја предупредува Анкара колку сака, но не и да ја казни, пишува DW.

0,,16305637_303,00

 

Вашингтон го испрати во Анкара својот најголем висок офицер, за да се измазнуваат тензиите во односите меѓу САД и Турција, како и останатите членки на НАТО. Шефот на Генералштабот Џозеф Данфорд увери дека САД и понатаму ќе се залагаат за демократијата во Турција и го осуди обидот за воен удар. Истото го направи и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг уште два дена по обидот за преврат. Столтенберг сепак додаде дека Турција треба да се придржува кон сопствениот демократски поредок, кон законитоста и човековите права.

Но турската влада смета дека овие уверувања за солидарност се премногу претпазливи. Претседателот Ердоган неколку пати ги повика високите западни политичари да дојдат во посета на Турција. А пак од седиштето на НАТО сеуште нема официјален коментар за чистката извршени во турската армија против наводните превратџии.

Заедница на демократски држави

Во преамбулата на Договорот за НАТО се нагласува приврзаноста кон демократските вредности и правила. За време на Студената војна, сепак овој текст понекогаш се одминува. Во 1949 година, на пример, Португалија падна меѓу основачите на НАТО, а беше под управа на диктатор. Подоцна земјите-членки Турција и Грција за некое време, после воени преврати, исто така се управуваа од недемократски режими.

По крајот на Студената војна во НАТО се почесто нагласуваат дека ова е политичка заедница на држави кои делат заеднички вредности. Најмногу кон кандидатите за членство се упатува барањето да бидат демократски држави. Всушност сепак политичките врски меѓу земјите во НАТО се доста лабави во споредба со оние во ЕУ. Грција и Турција, на пример, кои се во конфликт поради Кипар, обично емитуваат голема недоверба една кон друга. Да не заборавиме дека кога во 1975 година Турција го окупираше северен Кипар, САД и воведоа ембарго за оружје – независно од партнерството во НАТО.

Воздухопловните сили (ВВС) на САД имаат голема база со 2000 војници во турскиот град Инџирлик. Од оваа база стартуваат воздушните напади врз позиции на “Исламска држава” (ИД) во Сирија и во Ирак. Базата во Инџирлик имаше клучна улога и за време на војните во Заливот и операцијата на НАТО во Авганистан. Таму привремено се стационирани и 250 војници од германскиот Бундесвер, кои ги опслужуваат разузнавачките авиони “Торнадо” и еден авион за воздушно полнење гориво. Инџирлик не е база на НАТО. Таква база има во друг турски град – Измир. Таму е стационирана и една од петте главни позиции на Алијансата, која одговара за поголемите операции со копнени сили и за нивната координација. Пак во Измир има и важно воен аеродром на САД.

0,,18613176_401,00

Клучен сојузник на југоисточното крило
Вкупниот број на воените објекти во Турција, каде делумно има и присуство на НАТО, изнесува околу 20. Турската армија е втората по големина во НАТО по онаа на САД. До ден-денешен Турците учествуваат во сите операции на НАТО – во Авганистан, на Балканот, во Сирија, во Либија. Покрај тоа НАТО неодамна инсталира во Турција радарски систем за противракетна заштита на Европа.

Воените експерти се согласуваат дека во воено-политички однос Турција е исклучително важен партнер на југоисточниот крило, во близина на жариштата на кризи на Блискиот Исток и до Црното Море. Сепак оваа важност не треба да се преценува, предупредува некогашниот шеф на Воениот совет на НАТО, германскиот генерал Харалд Кујат. Турција веќе некое време е партнер на кој не можеме да се потпираме 100%, вели Кујат и потсетува дека во борбата против ИД улогата на Турција првично била прилично “сомнителна”.

Турскиот претседател Ердоган постојано ги повикува САД да го екстрадираат муслиманскиот свештеник Фетуллах Гулен, кого го смета за организатор на неуспешниот државен удар. САД одговараат дека ќе го испитаат ова барање, само кога Турција ќе претстави некакви докази. Гулен живее во САД и отфрла секакви слични обвиненија.

Турција пред само 2 години им дозволи на САД да ја користат базата во Инџирлик за воздушни напади против “Исламска држава”. Денес Анкара би можела да ја користи ова дозвола како инструмент за притисок врз Вашингтон – со цел репатријацијата на Гулен. Турската влада, освен тоа, протестира против американската поддршка за курдските сили во борбата против ИД. Според официјалната турска верзија, овие Курди се терористи.

Турција во моментов се бунтува со уште една земја-членка на НАТО – Германија. Јаболко на раздорот е резолуцијата на Бундестагот за геноцидот извршен врз Ерменците. Германскиот парламент го осуди ова дело во Османската империја пред повеќе од сто години, а Турција ја оцени резолуцијата како некој вид напад.Поради оваа причина, во моментот на германските пратеници им е забрането да ги посетуваат војниците од Бундесвер во Инџирлик. Ако забраната не биде укината, Бундестагот може и да ги повлече војниците од базата во Турција.

0,,4107828_401,00

Со врзани раце

Во Договорот за НАТО нема клаузули ниту за напуштање, ниту за исклучување. Одлука за напуштање може да донесе само земјата-членка. Односно, структурите на НАТО во Брисел можат единствено да вршат политички притисок врз Турција, за да го натера Ердоган да се придржува кон законитоста и да не ја злоупотребува вонредната состојба.

Важноста и потенцијалот на турските вооружени сили во рамките на НАТО ќе се намалат по обидот за преврат, смета некогашниот командант на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис. “За жал, може да се очекува дека по превратот тие ќе се фокусираат на внатрешните работи во турската армија и ќе започнат бескрајни истраги и проверки на лојалноста” – смета адмирал Ставридис.

Турската армија ќе се бори за своите позиции внатре во државата “, а тоа ќе покаже парализирачко влијание врз нејзината потенцијал. Точно е дека дел од активностите во воздухопловната-базата во Инџирлик продолжува како досега, но соработката со Турција за многу од каналите со НАТО и со САД е замрзната “- предупредува Ставридис.