(ГАЛЕРИЈА) Новата палата на Адел: раскош за 10 милиони

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Продуцентот и носител на 13 награди “Еми”, Дон Мишер, го продаде долгогодишното живеалиште што се наоѓа во скриените планини на Беверли Хилс. Зградата беше купена пред неколку недели од успешната 10 кратно наградувана со “Греми” поп-изведувачка  Адел. Британскиот музички скапоцен камен платил 9,5 милиони долари за новиот имот.9fc917998e11fc15c9ff860a0bf1c7a1

Дон Мишер ја купува резиденцијата во холандски колонијален стил во 1991 година за скромните 2 милиони долари. Но со времето цената пораснала значително. При првото нејзино објавување за продажба во есента 2015 година цената за зградата се вртеше околу 10,75 милиони долари. Изгледа Адел успеала да го фати намалувањето. Новите нејзини соседи се Пенелопе Круз и Камерон Дијаз.

А преубавата нејзина палата е распоредена на два ката со вкупно 613 квадратни метри станбена површина. Во нив се поставени 4 спални, 6 бањи, две официјални секојдневни (и двете со камини), трпезарија, мултифункционален кабинет со вградени клупи, а повисоко интересни тавани. Зградата има уште кујна, возбудлива семејна библиотека, неколку тераси. Однадвор помеѓу две дрвја има куќичка, а во близина има базен.

Зградата, чиј екстериер е обоена во окер, бела и сиво-сина, е обиколена со неколку големи дрва. За безбедноста се грижат живи огради, камени ѕидови и една убава бела порта. Токму патот по неа води до искушувачката веранда кај главниот влез.

Првата дневна е наменета за музика. Малку понатаму и влегуваме во соседната дневна соба предвидена за уште повеќе социјални активности. Телевизорот тука не е фикс идеја. Медиумскиот апарат е ставем на колку е можно понепријатно место, па можноста за групно гледање е целосно исклучена.

Новата кујна на Адел е со П-облик мебел со островче во средината, врз кое се монтирани рингли со моќен аспиратор и умивалник во аголот. Подот повторно е од масовен орев. Врз него по интересен начин контраст е сиот кулинарски мебел во бела, а мермерните плочи придонесуваат за целокупната еклектика на тоа што се граничи со индустриско модернистичката просторија. Кујната има уште барплот, семејна трпеза и катче за одмор.

 

Подетално што сè поседува овој имот, можете да видите во галеријата.