[РЕЦЕПТ] Чоколаден колач во чаша

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Состојки:
70 г брашно
15 г какао
30 мл масло
малку помалку од половина лажичка прашок за пециво
60 г шеќер
1 јајце
30 мл млеко
чоколадни парчиња

017cc85940865023c81ef5ceb09180beПодготовка:
Сите состојки се мешаат добро во сад. Потоа по желба може да се стават малку чоколадни парчиња и да се меша внимателно со лажица.
Пресипете го тестото во голема чаша, со тоа што ќе оставите растојание од крајот на чашата околу 1-2 прст, бидејќи тортата ќе нарасне и не смее да излегува од чашата. Ставете ја чашата во микробранова за околу две или две минути и половина (додека тортата се запече добро).