Тоа се вистинските проблеми на Турција

од desk3
86 прегледи

Светот ги следи внимателно случувањата во Турција – земја која уште е многу далеку од вистинската правна држава. Нејзиниот проблем се состои не во законите, туку во тоа како тие се применуваат, пишува ФАЦ.

turcija

Европа покажува цврстина: без реформи во антитерористичките закони Турција нема шанси за безвизен режим, категорични се и левите и десните политички сили во Европа, исто како и лидерите на ЕУ. Шефот на партијата на Зелените Џем Оздемир го претстави вака изборот со кој се соочува турскиот претседател Таип Ердоган: или да продолжи со апсењата на новинарите под маската на неговиот антитерористички закон, или да даде на турските граѓани да патуваат без визи во земјите од ЕУ. Терористичките закони на Анкара не треба да служат како изговор за апсење на опозиционери, категоричен е и претседателот на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент Елмар Брок. Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц пак потсети дека за Турција не можат да се прават исклучоци, и дека таа мора да го исполни јасните услови за добивање безвизен режим, особено што се однесува до реформата на антитерористичката легислатива.
Сето тоа е правилно. Само што проблемот на Турција се состои не во законите, туку во нивната примена. Дури Турција да прифати антитерористички закон според стандардите на бриселските правници, лобистите и активистите, тоа нема да ги спречи и апсењата нема да се намалат. Ердоган секогаш ќе наоѓа изговор и ќе се потпира на корисната правда. Од ова сепак ќе следува дека Европа само треба да се откаже од барањето Турција да прифати антитерористички закон и да ги исполнува европските стандарди. Но не треба и да се негува илузијата дека новата формулација на законот ќе промени нешто во Турција. На оваа земја и треба уште многу време за да стане навистина правна држава.

Внимание: лажни заговорници!
Публицисти, научници, активисти и сите кои во сегашната вонредна состојба се намерно за “опозицијата” – во најширока смисла на овој концепт, сакаат најмногу едно: ако Европа всушност сака да помогне и ефикасно да ја поддржи турската правна држава, таа со најмногу внимание треба да ги следи претстојните судски процеси против набедените и вистинските Пучисти. Никој, вклучувајќи и турската опозиција, не се сомнева дека брзо изгаснатиот преврат против демократски избраниот претседател на Турција беше вистински, и дека тој ја стави земјата на работ на граѓанска војна. Токму затоа бунтовници треба да бидат изведени на суд. Но во интерес и на Европа, и на Турција е процесите да се откријат, а не да ја заобиколат вистината. Но, постои опасност турскиот владетел, како што често се случувало, да го искористи случајот за да ги осуди не само реалните пучисти, туку и многумина од опозиционерите – без никакви докази за вина.

Амбасадорите на земјите од ЕУ во Анкара планираат да ги набљудуваат процесите. Турската опозиција сепак се сомнева дека тоа е доволно. Слаба ќе е користа од тоа европски набљудувачи кои не го владеат јазикот и имаат многу други обврски, да присуствуваат на судските рочишта со преведувач и потоа да испраќаат доверливи извештаи во министерствата за она што го виделе и чуле во судниците. За да се следат сериозно турските политички процеси, се бара цврсто внимание, во секое време – и тоа е работа не за еден човек, туку за целиот тим.

0,,19429500_404,00
Од друга страна е сомнително дали може да се примени она што некои турски претставници на опозицијата го нудат: земјите од ЕУ да испратат набљудувачка мисија на процесите, предводена од силна фигура. Тоа би било од интерес и за Турција, бидејќи е пожелно судските процеси да откријат што доведе до обидот за преврат на 15 јули и кој учествувал во него.

Нова култура е потребна

Ако турската влада е убедена дека еден правен процес ќе ја потврди нивната верзија, според која зад крвавиот пуч стои само “Движењето Гулен”, таа не би требало да има всушност ништо против ваква мисија. Но турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу очигледно ја преферира другата опција – само набљудувачи од Советот на Европа. Како поранешен претседател на Парламентарното собрание, искуството му вели дека на оваа несомнено важна институција, во која членуваат и земји како Азербејџан и Русија, може да ‘се влијае полесно во однос на политиката на Анкара, отколку на ЕУ.

Впрочем, не зависи од било какви посебни поголеми (прикажано) судски процеси дали една држава е правна или не. Што да кажеме за сите оние кои исчезнуваат без трага без суд и пресуда? Или за отпуштените вработени, за чија судбина никој не се интересира? Потребна е нова култура.