Јавен сервис-јавно ругло!

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Сочувствувам со семејствата на настраданите.

Teofil Blazevski

Во исто време не можам да го задржам бесот и нервозата од индоленцијата и неспособноста на првите луѓе на МТВ и сите уредници на информативните програми на јавниот сервис, кој од изутрината емитува емисија за народна музика(со Орце), емисија дека „било време за бебе“ и „детска драма која не била празна слама“…

Колку е тажна состојбата со загинатите и повредените, толку е мизерна состојбата на духот, непрофесионализмот – незнаењето и неодговорноста и на тој што им е директор и главен уредник и на тој што се претставува за елита, а носи титула одговорен уредник на прв програмски сервис и на сите други подоле по хиерерхија во информативната програма.

Јавниот сервис го претворија во јавно ругло!

Теофил Блажевски – Фејсбук статус