(ГАЛЕРИЈА) Да живее рок стилот во жешката долна облека

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Многу честа појава во модата е инспирацијата од музичката индустрија.f7a233df21237fb44faf9ee1cfc0be74

Како и во секоја сфера, песните исто спаѓаат во различни жанрови кои се карактеризираат и со соодветните  комбинации со облека.

Најпрепознатливите обележја на рок културата се имплементирани во новата колекција на долна облека на L’Agent на Agent Provocateur .

Рекламната кампања презентира модели облечени во чипкани сетови од градник и гаќи, дополнети со карактеристични за рокот додатоци – кожна јакна, кожени чизми, ремени, нитни и мрежи.

Контрастот е во нежни ткаенини со транспарентни елементи и везови од чипка на позадината на ѕидови во графити, дрвени клупи и атмосфера како од зад сцената.

Инспирацијата од 80-тите години во изгледот се дополнува со кадрави коси и  очи во темна шминка.

Сите кадри од рекламната кампања можете да ги видите во нашата галерија.