Светската трговија страда од глад за лидери

од desk3
100 прегледи

 

Блумберг – Њујорк

Либералниот економски модел, создаден во текот на втората половина од 20-от век, ретко изгледал дека е под закана. САД и Европа први тргнаа по патот кон изградба на тој систем, но веќе не се во првите редови.

occupy8

Како што изгледа, следниот претседател на САД ќе биде или срамежлив нерешителен заштитник на трговијата или отворен протекционист. Истовремено, одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ исцртува нови трговски бариери во ЕУ, носејќи ризик за пообемна дестабилизација на она што досега беше модел за економската интеграција.

Заканата не е толку во тоа дека ќе има постепено отстапување од глобализацијата. Силите кои работат во обратна насока, веројатно се премногу силни. По веројатно е дека нерешителните и нестручни влади ќе му пречат на либералниот економски поредок, во обидите да го оствари својот полн потенцијал. Освен ако нешто не се промени, одличните можности за пообемно и побрзо ширење на просперитетот ќе пропаднат.

За да ги искористат тие можности, лидерите треба да сфатаат како функционира глобализацијата, да имаат желба да ја аргументираат пред скептичните гласачи и да направат повеќе во поддршка на работниците кои меѓународната трговија (или некој друг вид економски побарувања) се заканува да ги занемари.

Глобализацијата е едноставно посилно изразена конкуренција. Едно од нештата за кои економистите се сигурни, а можеби и единственото нешто кое е постои, е дека конкуреццијата ги потикнува иновациите и ефикасноста, со тоа што ги прави производите поевтини и подобри,, но и го зголемува животниот стандард во целина. Колку е поголема по обем тааа конкуренција, толку подобро.

Ако бариерите за трговијата и конкуренцијата вршеа добра работата, животниот стандард во некогашната советска империја ќе го надминеше животниот стандард во САД, а американските потрошувачи завидливо ќе го гледаа убавиот живот во кубански стил.

Но, што е со паролата на новите протекционисти – идејата дека трговијата треба да биде повеќе чесна отколку слободна? Се разбира, неопходни се извесни правила за да се избегнат кршењата на законите во областа на трудот и животната средина и да има заштита за станбените субвенции и различните мерки кои се поврзани со валутните курсеви. Во претходните и идните договори за слободна трговија не недостигаат такви правила.

Притоа, тврдењето дека трговијата со земји со ниска платежна моќ е неправедна сама по себе, е и економски навредливо и неосновано. Кога стоките се произведени при најниски расходи, имаме взаемна корист како трговски партнери. И без сомнеж – слободната трговија е против сиромаштијата. Со оспорување на правото на земји како Кина на Американците да им ги продаваат поевтините производи, штета трпат и двете страни – а најсиромашните најмногу губат.

Од суштинско значење е политичките лидери да даваат аргументи. Кога отстапуваат од барањата за трговски бариери наместо да предложат помош за работниците чии работни места се преместени како резултат на конкуренцијата, тие се откажуваат од својата одговорност. Правилниот пат е да се обезбедат механизми за претпазливост, подобра професионална одбука, помош за преместување и преквалификација за наоѓање нова работа, субвенции за нископлатените работници, и поправедни, попростливи даноци.

Ако овие нешта бидат направени како што треба, користа од внатрешната и надворешната конкуренција нашироко ќе се рашири. Ако нештата не бидат направени како што треба, проблемот ќе се решава само со ограничување на трговијата – доведувајќи до побавен раст за еден пазар на трудот, кој е лишен од еластичност, и кон систематски недостаток на економски перспективи.

Не треба да се жалиме од недостигот од силно раководство кое се забележува сега во САД и Европа. Што и да прават владите, технологиите ќе продолжат да ги скусуваат растојанијата и да ја стимулираат конкуренцијата. Во Европа взаемниот интерес ќе ги диктира блиските економски врски меѓу Велика Британија и останатиот дел од Стариот континент, и покрај Брегзитот.

Дури и Доналд Трамп би се откажал од своите ветувања за зголемување на тарифите, штом неговите следбеници ќе почнат да сфаќаат како тоа ќе се одрази на буџетите на нивните домаќинства.

Вистинската опасност е во тоа да се не сфатат сите бенефити кои може да ги донесе се поголемата економска интеграција. Чувството кое преовладува ги изложува на опасност можностите како Транспацифичкото партнерство, Трансатланското трговско и инвестициско партнерств, и вратената во живот Светска трговска организација.

Напредокот на некои или на сите тие проекти ќе ја засили довербата во момент кога светската економија има очајна потреба од него. Лидерите во САД и Европа можат и треба да постигнат повеќе.