Статистика на тоа колку тежат мажите и жените во зависност од местото каде што се родени и каде живеат направиле во сајтот Izismile.com.
Јасно е дека фигурата на човекот зависи и од генот, кој го носи, но сигурно и културата од една страна ги води со себе и навиките на жителите.
Од собраните слики на сајтот може да се забележи дека килограмите на двата пола доста се разликуваат во различни делови на светот. Така, на пример, најслабите се наоѓаат жителите на Бангладеш – едвај 43 кг, а мажите се 56 кг.
Следуваат жителите во Северна Кореја и Етиопија. Жените во овие земји тежат во просек околу 47 кг, а мажите – 59 кг.
Најполни се жените и мажите во САД – за дамите вредностите се 75 кг, а мажите таму тежат 88 кг. Исти се вредностите на димензиите на дамите во Кувајт и Русија – 69. Со кило помалку се оние што живеат во Германија, Канада, Чиле.
Видете ги димензиите и на луѓето од другите земји во галеријата.