Знаете ли дека… Џоан Роулинг го пишува крајот на Хари Потер пред почетокот?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Љубителите на приказната за детето-волшебник Хари Потер најверојатно се на седмо небо од среќа, откако излезе осмата книга од серијалот .b970504b256ca3cfad8116044c6b05a6
Писателката Џ. К. Роулинг вели дека ова ќе биде последната книга за Хари Потер , со што таа ќе стави крај на една ера.

Во рубриката “Знаете ли дека …?” Ќе ве запознаеме со некои многу интересни факти за серијата, за да го подгрееме долгоочекувоното излегување на книгата.

Џоан Роулинг го напиша последното поглавје на последната книга за Хари Потер во 1990 година – 7 години пред ставање на пазарот на првата книга од серијалот.

Книгите за Хари Потер се преведени на повеќе од 70 јазици во светот.

Серијата дури била адаптирана од британски англиски на американски англиски .e556bb20bae4a34e438fb21cd4c7dad0

Брендот “Хари Потер” се проценува на повеќе од 15 милијарди американски долари .

Во 1990 година авторката на серијалот Џоан Роулинг патувала во воз од Манчестер до Лондон, кога ѝ дошла целата идеја за Хари Потер.

Таа го загуби статусот на милијардер , бидејќи го подари поголемиот дел од богатството за добротворни цели.

ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА… ЛАВОТ НЕ Е КРАЛ НА ЏУНГЛАТА?

Издаваштвото, кое првично прифати да ја издаде книгата на Роулинг ѝ предложило едвај 2.500 фунти однапред пред печатот на првата книга “Хари Потер и Каменот на мудроста”.

Дублерот на Даниел Редклиф , кој го заменува во сцените со акробации останува парализиран по инцидент за време на снимањето на седмиот филм од серијалот.

Џоан Роулинг и херојот Хари Потер имаат ист датум на раѓање .ac8978b0947db9110f3adcbe1dd954ae

Книгите за Хари Потер се едни од најзабрануваните во САД во изминатиот век. Тоа го покажува истражувањето на American Library Association , пишува Huffington Post .

Целата приказна за Хари Потер содржи 199 глави, 4224 страници и 1 090 739 зборови. А, филмовите за младиот волшебник имаат вкупна должина од 19 часа и 39 минути.

ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА… НА ЗЕМЈАТА ИМА МЕСТО БЕЗ НИТУ ЕДНА ПЕПЕРУТКА?

Стивен Кинг вели за хероината на Роулинг професор Долорес Амбриџ дека таа е “една од најпознатите веродостојно создадени ликови на негативци по Ханибал Лектор”.

Актерот Даниел Редклиф еднаш носел исти облека во текот на 6 месеци, само и само за да им здодее на папараците кои го прогонувале постојано.