(ГАЛЕРИЈА) Женската верзија на машкото дувло

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Повеќето мажи сакаат да си создаваат свои простори во домот, од типот машко дувло, кои најчесто се совршено прилагодени за гледање на натпревари, подготовка на скара и … пиење. 61a6c7aebaef3805710e9c2ebdaa8db9

Ако една жена има вила или приградска куќа во која може да си направи убаво светилиште, верзија на т.н.. машко дувло, таа би пристапила сосема поинаку.

Повеќето дами со радост би си организирале убаво катче во дворот, кое ќе биде совршен прилог на живописната градина.

Станува збор за лесна градба слична на барака или белведер, со изглед на дрвен бунгалов. Идејата е местото да биде опремено со инспиративен мебел и декорација, па да се претвори во пријатна соба за релаксација или во будоар, надвор од нашиот класичен дом.

Во слична, шармантна соба, можете да ги поминувате долгите попладниња во читање или во спиење, можете да пиете кафе, а во топлите летни вечери – можете да се собирате со пријателки.

Ви нудиме неколку оригинални идеи на холандска внатрешна дизајнерка како да се создаде таков простор.

Видете ги идеите во галеријата.