Жителка на кинеската провинција Анхоj учествуваше во фотосесија во која ги покажа своите неверојатни карактеристики, имено девојката е способна да го извие телото и да го “стави” во неверојатни пози, соопштува Daily Mail.
Изданието ја нарекува “најфлексибилнaтa жена во земјата” .24-годишната Лиу Тен позира за бела кошула, црни панталони и чевли на високи потпетици, додека се растегнува на биро и демонстрира работа во канцеларија или подобро кажано како може да си става кармин во тешки пози.
Во претходна фотосесија Лиу Тен покажува како може да си стави кафе со нозе или да листа списание.
За време на снимањето Кинескињата прави шпага и доста други тешки трикови. Како што пријави сајтот на рекорди (Guinness World Records), во своите способности девојката отишла далеку над Јулија Гјунтел која би ја нарекле најфлексибилната жена во светот во април 2016 година.
Видете ги можностите на Лиу Тен во галеријата.