
Навивачите на Борусија (Дортмунд) го примија топло и со овации блудниот син Марио Гетце. Германскиот репрезентативец се појави за прв пат на стадионот во Дортмунд по неговото враќање како играч на тимот.
Тоа се случи при претставувањето на тимот за новата сезона откако на него присуствуваа 30 илјади фанови. Очекувањата дека напаѓачот може да биде примен студено, не се потврдија и трибините избувнаа во аплауз при неговото појавување.
Во годините во кои игра за Баерн, Гетце беше бурно свирканод навивачите на “жолто-црните, а причината беше неговото заминување од Борусија во насока на големиот германски ривал.