
Кога јапонскиот престолонаследник Нарухито и предложи брак на колебливата Масако Овада, тој и вети дека ќе ја штити. Овој завет сепак може да стане потежок за почитување, ако јапонскиот император Акихито абдицира и жената која мачно се обидува да се адаптира кон дворскиот живот, стане царица.
82-годишниот Акихито, кој ги освои срцата на луѓето, се бранеше од непривилегираните и ги лекуваше раните од Втората светска војна, неодамна навести во телевизиско обраќање дека е подготвен да се откаже од Хризантемовиот трон поради напредна возраст.
Совесниот Нарухито, на 56 година, се смета за подготвен да го наследи својот татко и презема се повеќе официјални должности. Но 52-годишната Масако, која ги одби првите две понуди за брак за време на долгото додворување речиси пред 30 години, тешко се приспособува на животот како принцеза.
Воспитана на Универзитетот Харвард, неподготвено ја напушти дипломатската кариера, за да се омажи. Повеќе од десет години по свадбата таа помина во борба со депресија, додека се мачеше да го почитува канонот во царскиот двор и беше подложна на притисок да роди син.
Нивната ќерка, 14-годишната Аико, не може да го наследи тронот, бидејќи законот дозволува само императори мажи.
Во 2012 година Масако, која поминала голем дел од детството во странство и зборува повеќе јазици, призна дека долго време се бори со предизвиканата болест – стресот. Таа се уште ретко се појавува во јавноста.
“Императорската популарност се заработува преку исполнување на јавни должности за време на владеењето”, рече Кенет Рјуоф, професор од Државниот универзитет во Портланд и автор на книгата”Царот на народот”. “Ако Нарухито го направи тоа, нема причина да е помалку почитуванаод својот татко. Потешко е да е предвиди што ќе се случи со Масако.”
Интересите на Нарухито кон средновековениот транспорт и каузата поврзана со животната средина, изгледаат безбедно пристојно, макар и здодевно. Набљудувачите на царското семејство, сепак, истакнаа дека тој “влегол во нови територии”, застапени се за активното татковство: нешто неконвенционално за земјата во која се уште има силно поделба на трудот врз основа на полот, како на работното место, така и дома .
Невообичаено за член на јапонското императорско семејство е и тоа дека тој учел во странство и ги опишува двете години во Оксфордскиот универзитет како едни од најсреќните во неговиот живот.
Нарухито јасно изјави дека ќе ја продолжи политиката на својот татко да ги потсетува луѓето колку е важен мирот, дури и кога премиерот Шинзо Абе се обидува да ја премоделира историјата на војната со помалку ослободителен тон.
Тој, сепак, е најпознат по ревносната заштита на Масако, која се повлече од јавниот живот во 2003 година поради херпес зостер и најавено подоцна “нарушување на прилагодувањето”.
Во 2004 година Нарухито влезе во необично јавна непријателство со Управата на јапонскиот императорски двор – агенцијата одговорна за организирање настани на царскиот семејство.
Тој рече дека Масако, која се надевала да го користи дипломатскоот искуство како принцеза, “се е испразнета целосно” во обидот да се приспособува на животот во палатата. “Навистина имаше потези со цел да се одрече од кариерата и личноста на Масако, под влијание на оваа кариера”, рече тој.
Нарухито продолжи да ја брани својата жена во текот на годините, кога таблоиди понекогаш ја критикуваа неговата жена.
Во 2008 година тој ги замоли за разбирање, велејќи: “Масако продолжува да вложува максимални напори со помош на луѓето околу неа”.
Обврските на императорот вклучуваат верски церемонии и откривање на парламентарните сесии, но работата на социјалата зазема централно место.
Сликите на Акихито и Мичико, во секојдневна облека и навика да зборуваат со жртви на катастрофи во центри за евакуација, се запечатени во умовите на луѓето. Императорот и неговата сопруга посетувале и центри за возрасни лица и инвалиди.
Според Мидори Ватанабе, новинарка и гостин-предавач на универзитетот Бунка Гакуен, во руралните области и меѓу постарата популација, каде поддршката за императорот е највисока, присуството на царскиот семејство како пар е особено ценето.
“Важно е дека двајцата се заедно”, посочува Ватанабе. “Нарухито вети да ја чува целиот живот. Мислам дека таа ќе направи напор заради него”, додаде таа.
Според Миико Кодама, зпрофесор на Универзитетот Мусаши, крунисувањето на Масако за царица може и да влијае позитивно на тажната принцеза, како што се случи со нејзината свекрва.
Мичико, е првата жена без благородничко потекло, се омажила за престолонаследник, беше измачена и видливо несреќна на млади години поради стресот, но се претвори во царска сопруга со најмногу јавни настапи и патувања во историјата на Јапонија.
“Кога Масако ќе стане царицата, повисокиот нејзин статус ќе значи дека повеќе луѓе ќе ја слушаат. Мислам дека кога има помалку луѓе ја подложуваат на непотребен притисок, многу од нејзините симптоми ќе се подобрат”, рече Кодама.