Топ 3 на најскапите коктели во светот

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Лето е, сонцето пече, на секој му се сака да оди на море и да се одмори од бурното секојдневие во градот. За оние кои ја немаат таа можност, има алтернативна опција. Доста локали нудат опкружување, исто како на крајбрежјето, а незаменлив дел од оваа слика се освежувачките коктели. По истражување foodpanda ги презентира трите најскапи коктели во светот.5010235

Dazzle – најскапиот коктел во светот се служи во Манчестер на вториот кат на познатиот синџир англиски продавници Harvey Nichols и кога келнерот ќе го служи, тој е придружен од телохранители. Ова е единственото место во светот каде што кога ќе нарачате прстен, може да го направите во форма на коктел. Во овој случај коктелот Dazzle содржи розов шампањ, ликер од јагоди, лимони и 18 каратниот прстен од бело злато, розов турмалин и дијаманти. Неговата вредност е 38,289 eвра.dazzle

Martini on the Rock е по цена од $10,000. И се служи само во Blue Bar во градот на големите можности Њујорк. Тоа е и единствениот коктел во светот, кој треба да го нарачате барем 74 часа пред потрошувачка. 1.52 каратниот дијамант го дополнува коктелот Martini on the Rock, создаден од вотка, сув вермут и маслинки. Добрата вест е дека како седнете да пиете Martini on the Rock, кој чини повеќе од сите други пијалоци во барот и целиот бар земен заедно, си добивате дијаманти. Луѓето сакале најскапиот коктел да се чува во тајност.

1437014736589

Diamond Cocktail е во вредност од $4,350. Во пијано барот на Sheraton Park Tower Hotel во Лондон сакаат шампањ, но уште повеќе сакаат дијаманти. Дијамантскиот коктел е специјалитет на ултраскапото лондонското дувло и содржи шампањ Charles Heidsieck Vintage 2001, секое шише може да се најде за 1750 долари, 125-годишен редок коњак Remy Martin Louis XIII и дијамант по ваш избор!4323

Очигледно Лондон знае дека еден коктел може да ги задоволува сетилата и љубовта кон накитот истовремено.