Создадени се првите вагинални тампони со марихуана

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Веќе официјално постојат првите во светот тампони, создадени со марихуана.d7c27ecc664800f7073772d091e1089b

Компанијата која дебитираше со овој производ ги опиша како “вагинални супозитории со канабис”, чија идеја е да им помогне на жените да се справат со понекогаш неподносливата болка, истовремена со месечниот циклус.

Тампоните содржат THC и CBD, кои се двете главни активни канабиноидни соединенија откриени во марихуаната, кои помагаат за намалување на болката, ослободуваат хемикалии на среќа во мозокот и ги релаксираат мускулите и нервите.

Многу жени кои веќе ги искусиле, велат дека им помогнале многу со тешките денови од месецот.

Се разбира, воопшто не е лесно да се снабдите со овие нови “пронајдоци”, бидејќи зависи многу од местото во кое живеете и законите на државата.

Покрај сето ова, ќе ви биде потребен рецепт од лекар и околу $ 44 за пакет.