ВИДЕО: Фејсбук групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства“ дистрибура помош од куќа до куќа

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Волонтери со лопати, кеси со храна и потребна облека, лекови. Сето тоа се прибира преку фејсбук групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“. Скопјанка преку порака сака на првооделенче од настраданиот реон да му купи се што му треба за првиот училишен ден кој е за половина месец. Друг преку истата група подари кауч за настрадано семејство. Волонтерите од групата денеска ја донесоа помошта околу 13 часот, пренесува Телма.

humanitarna_pomos[1]

Се распоредија и тргнаа да носат од куќа до куќа на луѓе кои им побарале конкретна помош.

Еден од жителите на населба Ченто побара помош од нив, волонтери да ја извадат водата која уште му стои во гаража. Вели сервисот за мотори никој не му го проценува, а помош не му пристигнува за расчистување.

Улиците во Ченто и Економија сега се проодни, но се уште има кал, ѓубре, шут, смрдеа. На терен работеле и расчистувале и волонтерите на групата. Постојано ја обновуваат картата на загрозените подрачја. Со црвено се одбележани непроодните улици, со зелено чистите и нормални- останатите бои и нијанси се улици кои се користат но мора да се работи уште на нив.

Покрај деталната мапа од кризниот регион, групата споделува и добива постојано информации што им треба на луѓето и каде. Земјоделец од Стајковци се распрашуваше преку фејсбук страната за сточна храна за исцрпениот добиток, друга жена бараше детски кревети за две деца кои имаат 8 и 11 години. Брзата социјална мрежа бргу им наоѓаше одговор за да покаже дека поплавата ја разбуди солидарноста меѓу луѓето во Македонија.