(ГАЛЕРИЈА) Во шарената куќа на Надја Сваровски

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Надја Сваровски е една од петмината извршни директори на брендот Swarovski. Истоимениот бизнис со накит од кристали е создаден од нејзиниот пра-пра-дедо – Австриецот Даниел Сваровски во 1895 година. Тој имал предци стаклари и гравери, а татко му бил роден во Бохемија (денешна Чешка). abbd347a9883606600f3d278a45bf4a6

Самата Надја живее во заслепувачка куќа во предградието на Лондон, заедно со својот сопруг Руперт Адамс и нивните три деца.

Во овој дом богатата бизнис дама се пресели пред една година најмногу, за да ја напушти бучната британска престолнина, каде што семејството живеело во текот на десет години.

“Тоа е одлично место. Наутро се будиме од црцорење на птиците. Сите се чувствуваме многу подобро во оваа куќа. Наоколу има игралиште за голф и идеални за прошетка и велосипедизам места.”

Г-ѓа Сваровски се радува дека имотот е новоизграден, иако ја почитува класичната за англиската провинција архитектура.

“Навистина ми се допадна идејата дека куќата не е населена од духови. Мојот сопруг е типичен Англичанец кој ги цени традициите, а јас сум обожавател на современиот стил и дизајн, но мислам дека тука постигнавме добар компромис помеѓу себе.”

Видете слики на домот на наследничката на Swarovski во галеријата.