
Руски фронтовки бомбардери Су-34, реализирале од иранската авиобаза Хамад, групен авијациски удар по објекти на групата ИД во провинцијата Дејр аз-Зор, соопшти МО на РФ.
“Како резултат на ударот се уништени два командни штаба и големи теренски кампови за подготовка на терористи од ИД во реонот на градот Дејр ез-Зор. Во нападот се ликвидирани над 150 терористи, меѓу кои има странски платеници” – се вели во соопштението.
Бомбардерите добиле заштитна воздушна поддршкаод авиони Су-35С базирани во авиобазата Хмејмим. Сите авиони се вратиле успешно во своите бази.
Се прецизира дека авионите носеле максимален боен товар од големи оскилочна-муниција бомби ОФАБ-500.
Ова е втор напад за две деноноќија и нов бомбашки удар нанесен од руските ВКС од аеродромот во Хамад.
https://youtu.be/HNkWPMvhHnM