(ВИДЕО) Улиците во поплавените места проодни, дел од домовите допрва ќе се расчистуваат

од Vladimir Zorba
66 прегледи

kal

Багери и камиони се обидуваат да влезат во тесните калливи улички, војската и волонтерите со кал до лакти, жителите со надеж дека куќите наскоро повторно ќе заличат на домови, информира 24Вести.

Единаесетти ден државен и приватен сектор и хуманитарци од цела земја собрани во Стајковци се обидуваат да го вратат на нозе најпогоденото место во поплавите.

Најкритичните улички стануваат проодни за механизацијата и Брзата помош, но во дворовите и куќите се уште забележливи смет и кал. Дел од куќите безмалку целосно руинирани – жителите допрва ќе смислуваат како да ги надоместат годините поминати во вложување, кои поплавата преку ноќ ги срамни со земја.

Едно од најпогодените е семејството Каранфилоски. Александар и Ана планирале убав дом за своите деца, а за само два часа останале без ништо. Единственото што им останало се кредитите.

Целиот текст можете да го прочитате тука