Додека целиот свет стравува од вирусот Зика, кој го пренесуваат комарците, жителите на едно гратче во Русија воопшто не се вознемируваат од овие инсекти.
Изминатиот викенд, Рускиот фестивал на комарци во градот Березники собра многу посетители.

деветгодишната Ирина Илиукина ја освои титулата „Најслатко девојче“ со вкупно 43 убоди од комарци, кои ги добила во шумата. За наград доби керамички пехар.
Невообичаеното топло и суво време во покраината Урал го намали бројот на комарци, така што организаторите на фестивалот мораа да го откажат традиционалниот лов на комарци, при што натпреварувачите се обидуваат да фатат што е можно повеќе вакви инсекти./MИА