За да не “тресе зелени” и за општа безбедност !? На тајна средба разузнавачи од САД реферираа пред Трамп за заканите за земјата

од desk3
92 прегледи

Разузнавачи од САД го одржаа во средата првиот таен брифинг за кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп. Дискутирани беа заканите за земјата. За тоа соопшти американската агенција Associated Press (AP) .Агенцијата забележува дека средбата поминала во канцеларијата на Њу-Јоркшјиот оддел на Федерално биро за истраги. Таа траела околу два часа во кабинет, заштитен од прислушување. Брифирал и директоратот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клипер. Нивната задача била да го запознаат Трамп со “најголемите закани и прилики за загриженост, кои се појавуваат во целиот свет”, соопшти ТАСС.

1471499732-13

Републиканецот не даде изјава по повод средбата. Единствено во интервју за Fox News изјави дека скептично се однесува кон тоа што го слушнал. На прашањето дали е подготвен да поверува на сето кажано, милијардерот одговори: Не е толку многу за нашата земја. Сакам да кажам – го прегледав она што се случуваше кај нас во последните 10 години – тоа е катастрофа.

На средбата со разузнавачките агенти Трамп беше придружуван од своите најблиски помошници – гувернерот на државата Њу Џерси – Крис Кристи и генерал-полковник во пензија Мајкл Флин, кој претходно го предводеше разузнавањето во Министерство за одбрана во САД.

Претходно CNN претпостави дека на брифингот најверојатно ќе биде претставена општа информации за Русија, Северна Кореја и Сирија, како и за терористичката група “Исламска држава”. Во исто време не се расправало за информации за тајните операции на САД за агентурното разузнавање, за методите на собирање на информациите. Таквите податоци се обезбедени само за претседателот, се вели во репортажата на телевизијата.

Брифинзите за кандидатите за претседателската функција се одржуваат по националните партиски конгреси по наредба на претседателот на САД. Традицијата на нивното спроведување доаѓа од 1952 година од претседателот Труман, кој предложил да има таков брифинг за претседателот на Републиканската партија Двајт Ајзенхауер, за да се здобијат со знаења за главните меѓународни проблеми.