Научниците направиле нов алгоритам кој ја анализира и препознава психичката состојба на човекот според сликите во Instagram. На овој начин научниците, кои се од универзитетите Харвард и Вермонт, можат да лоцираат луѓе кои страдаат од депресија, пишува весникот PetaPixel.

Научниците веќе ги имаат објавено и резултатите од студијата. Нивниот алгоритам користел 43 950 фотографии од 166 корисници, кои се согласиле да учествуваат.
Системот ги проучува боите во фотографиите, мета податоците кон нив и изразите на лицата. Во 70% од случаите системот правилно ги посочил корисниците кои имаат симптоми на депресија пред тие да бидат потврдени од страна на професионалци.
Студијата покажала дека депресивните луѓе често објавуваат слики претежно со сини и сиви филтри или целосно црни кадри. Луѓето без симптоми на депресија пак најчесто преферираат топли и светли филтри.
Се разбира, секогаш постојат исклучоци и тоа далеку не е единствениот критериум по кој алгоритмот го оценува секој корисник. Самите научници велат дека тој нема да дава дијагноза, туку само за прелиминарни анализи, кој ќе имаат предупредувачки карактер за евентуален проблем. Тие сметаат дека со текот на времето тој ќе биде пософистициран и ќе може да се користи како превентивен метод за проверка на психичката состојба на луѓето во дигиталното општество.