Колку трае добриот секс?

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Колку треба да трае сексуалниот чин, за да биде окарактеризиран како “добар”? Неколку секунди или цела ноќ? 8858e31b81971efc1ccb69eebf50c561

Многумина веројатно се прашуваат која е идеалната должина на “гужвањето на чаршафите”. Веруват еили не, љубопитните треба да знаат дека најдобриот секс трае неколку минути, а не со часови, откриваат експерти, цитирани од “Дејли стар”.

Истражување направено меѓу специјалисти во различни сфери од САД и Канада – сексолози, лекари, сестри, брачни советници, семејни терапевти, кажуваат каква според нив е идеалната должина на односот – од продирање до ејакулација.

Во просек експертите предвидуваат дека сексуалниот чин со траење од една до две минути е “премногу краток”, меѓу три и седум минути – “адекватен”, меѓу седум и 13 минути – “пожелен” и помеѓу 10 и 30 минути – “премногу долг” .

“За жал современата поп култура наметнува нереални стереотипи за машки атрибути со завидна големина и цврстина и за полови односи кои траат цела ноќ. “

Претходните студии сепак покажувале дека желбата на повеќето луѓе е сексот да трае околу половина час. Кога очекувањата и реалноста се разминуваат, многумина се разочарани и незадоволни.

“Се надеваме дека оваа студија ќе даде реална слика за прифатливиот сексуален однос и ќе им помогне на луѓето да се заштитат од сексуални разочарувања”, вели Ерик Кортни од истражувачкиот тим.