Министерството за комуникации во Москва достави измени на законот за комуникации, според кои Министерството, ја презема целосно контролата врз рускиот сектор од интернет. Соодветната инфраструктура треба да е во сопственост само на државата и на руски државјани, предвидува текстот според анализа во весникот “Ведомости”.

Амандманите го воведуваат поимот “критична интернет инфраструктура”, вклучувајќи ја и националната домен зона која ја обслужува инфраструктура, системот од точки за размена на сообраќај и т.н. Државниот новински систем ќе обезбедува сеопфатна, стабилна и сигурна работа на Рунет – сајтовите со претежно рускојазична содржина.
Според проектот, во државниот систем ќе се сместат податоци за автономните системи, IP адреси и точки за размена на сообраќај, прецизира “Ведомости”.
Предвидено е сопствениците на точките за размена на сообраќај да бидат само руски правни лица. Според извор на весникот регулаторот не се противи со време сопственици да стануваат и странци, но со учество не повеќе од 20 отсто, што е одредбата и за странски сопственици на медиуми.
Повеќето точки за размена на сообраќај во Рунет бездруго се сопственост на руски државјани, велат соговорниците на весникот, цитирано од агенциите и БиБиСи. Меѓу странските сопственици весникот ја наведува британската компанија Retn, која контролира речиси 40 отсто од рускиот сообраќај.