Пред неговата смрт ѕверот гризе најсурово

од desk3
86 прегледи

“Исламска држава” е притисната до ѕид, но пропагандата и станува се покрвожедна. А терористичките напади во нејзино име помагаат на џихадистите да не изгледаат како губитници. Коментар на ФАЦ.

0,,18890077_303,00

“Исламска држава” е притисната до ѕид, нејзината територија постојано се намалува. Пред две години, кога го достигна врвот, оваа така наречена “држава” се уште имаше површина колку Велика Британија. Денес, набргу откако го загубија стратешки важниот град Манбиџ, терористите контролираат површина колку Ирска. Независно од тоа “Исламска држава” далеку не е поразена. Нејзината пропаганда е крвожедна одкога и да било досега, нејзиното раководството не потклекнува на поделба и слабеење и продолжува да ја користи секоја грешка на противникот, за да врати изгубени територии.

Терористичките напади во Европа, кои се вршат во име на “Исламска држава”, им помагаат на џихадисти да не изгледаат целосно како губитничка страна. Затоа не е чудно што ИД продолжува да намамува фанатички млади џихадисти од самата срцевина на нашето општество.
Секој четврти исламист кој од Германија оди кон Сирија, за да учествува во џихадот, е од турско потекло. Ако го погледнеме во сооднос меѓу Турците и другите муслимани во Германија – тоа не е многу. Други муслимански етноси се прилично поподложни. При тоа нив не им лежат на срцето неуспесите на ИД, тие не тргнуваат само на некоја младинска авантура. Не, тие се радикализира духовно.

www.faz.net