(ВИДЕО) Штетите на стопанствениците во поплавените региони изнесуваат 9 милиони евра

од Vladimir Zorba
100 прегледи

krs_cento

Досегашните проценки покажуваат дека штетите на само 30-тина стопанственици во поплавените региони надминуваат 9 милиони евра, информира Телма.
Најголема загуба, од 1,2 милиони евра пријавил сопственикот на С-Маркет на патот во Арачиново.
Од продажниот дел на објектот водата однела десетици фрижидери, правосмукалки, шпорети и тенџериња, а уште толку се уште пливаат во кал.Двесте тони храна складирана во магацинот завршила во депонија.
-Што ќе се спаси за 2,5-3 минути? Додека излегуваа работниците водата стигна до 3,5 метри.Храната со препорака на Агенцијата за храна ја фрливме на Дрисла, преку 200 тони роба, вели Беќир Ферати.

Целиот текст можете да го прочитате тука