Од пред речиси два месеци на пазарот за недвижен имот во САД може да се открие интересен имот – првиот од дворците на кандидатот за претседателската функција од Републиканската партија Доналд Трамп.
Огромната куќа располага со 1860 квадратни метри танбена површина, распределени во 10 спални, 12 бањи, бројни салони, кралска дневна, сала, кујна и трпезарија, медиумска соба, личен кабинет, кино салон, затворен базен, зимска градина.
Во дворот има отворен базен, тениско игралиште, игралиште за голф и кеј за чамци. На имотот се подигнати две градби кои се поврзани меѓу себе, формирајќи Г-облик на имотот што во некои делови достигнува три ката.
Доналд Трамп го купува споменатиот прв дворец во 1989 година. Во тоа време бизнис империјата расте, се гради и неговиот познат облакодер – Trump Tower. Доналд плаќа 4 милиони долари за сопственоста на ова чудесно живеалиште во Гринич, Конектикат.
Основната функција на зградата била тука да одржуваат деловните состаноци, прослави и празници на семејството Трамп. Доналд и втората сопруга Ивана сигурно имале многу среќни моменти тука, заедно со трите деца.
Но, од неразјаснети околности овој имот претстои да стане туѓо владение. Објавената продажна цена е 45 милиони долари. Впрочем пред година беше направен неуспешен обид за продажба. Тогашната вредност на имотот во Гринич изнесуваше 54 милиони долари. Очигледно износот се видел многу голем за купувачите.
Ексклузивниот имот спаѓа во стилскиот спектар на неокласицизам и урбанизам, карактеристичен за американските државни институции и згради на власта. Неговите елементи се инспирирани од европскиот рамномерен урбанизам, кој е пренесен во САД од мајсторот архитект Пјер Ленфанд и други членови на масонските ложи.
Класата и кичот се главните мотиви во првиот од дворците на Доналд Трамп.