(ВИДЕО) Партиите се поблиску до избори

од Vladimir Zorba
107 прегледи

izborni_listi

Над 30.500 спорни гласачи ќе може да се избришат од Избирачкиот список, затоа во рокот што истече на полноќ не се пријавиле во Државната изборна Комисија, а известувањата што писмено се испратени до секој од нив, се враќаат неиспорачани на адресите кои биле наведени на списокот, информира Телма.
Од спорните гласачи во Комисијата се пријавиле само четвртина, а до утре ќе се верификуваат пријавите на стотина од нив.
-Во Комисијата се пријавиле вкупно 8.992 гласачи, од кои 5.303 електронски и 3.619 лично, вели портпаролот на ДИК, Љупка Гугуческа.
Бришењето на овие спорни гласачи нема веднаш да почне ќе има уште една шанса да се пријават во ДИК според Изборниот законик, што не значи продолжување на рокот за пријавување.
-По распишувањето на парламентарните избори, непријавените гласачи од листата на ДИК ќе имаат време од петнаесет дена додека трае јавниот увид да го регулираат правото на глас, објаснува Гугуческа.
Во рок од 10 дена најмалку три члена на ДИК може да побараат проверка на пријавените гласачи доколку се сомневаат во манипулации по електронски пат.
Меѓутоа за партиите проверката е завршена и очигледно нема да имаат крупни забелешки. За СДСМ ова е доказ дека се оправдани нивните обвинувања за злоупотреби на избирачите.

Целиот текст можете да го прочитате тука