Нова трагедија во семејството на Селин Дион

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Откако сопругот и нејзиниот брат си отидоа од рак, се покажа дека и мажот на сестра и е болен од истата болест

1471711853-izteglen-fayl
Трагедиите во семејството на канадската пејачка Селин Дион немаат крај. Откако сопругот и братот на изведувачката починаа од рак во почетокот на годината, стана јасно дека мажот на сестра и исто така страда од предавничката болест, пишува  Le Huffington Post Quebec.  Според податоците на весникот, Гај Пуаре се наоѓа во болницата  Maison Adhemar-Dion отворен од фамилијата по смртта на таткото на Селин Дион. “во Maison Adhemar-Dion работат вистински ангели. Тие многу добро се грижат за Гај  “, раскажува другата сестра на пејачката Клодет.