Ако барате гениј, нема да го најдете во ноќен бар

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Луѓето со повисок коефиент на интелигенција се чувствуваат посреќни кога се сами отколку во друштво, пишува “Меtro”.cc8d20a9383a4df31098da66a189d881

Весникот се повикува на истражување на британско психолошко друштво.Специјалисти дошле до овој заклучок откако истражувале 15 илјади лица на возраст од 18 до 28 години.

Резултатите покажале дека најпаметните во Велика Британија се посреќни дома, додека гледаат филм или читаат книга, отколку ако се со пријателите или имаат други социјални контакти. Исто така не се возбудуваат толку од ноќни установи.

Весникот потсетува дека некои од најпаметните луѓе во светот, исто така најмногу посакувале осаменост. “Монотонијата и осаменоста на осаменичкиот живот ја стимулираат креативноста на умот”, викал Алберт Ајнштајн.

Стивен Спилберг е исто така познат по својата желба за осаменост.