Зошто забраната на бурките е правилна?

од Vladimir Zorba
89 прегледи

zx450y250_2812170

Да, забраната на бурките е симболична политика! Да, забраната на бурките не може да го спречи ниту еден терористички напад! Знак на либерализам за една правна држава е и самиот факт дека воопшто се занимава со прашањето за забраната на буркитеа. Во Германија многу малку жени носат бурка. Каде е тогаш проблемот? Носењето бурка ги вознемирува многумина, но не сè е тоа што им пречи на многумина, треба да биде забрането. Во овој поглед, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер има право.

Сепак забраната за носење бурка е разумно и полезно од политичка гледна точка. Таква забрана покажува дека отвореното општество не прифаќа сè и дека либералната правна држава решително се спротивставува на непријателите на либерализмот. Ако бурките беше знак на вероисповед, сите жени од Мароко до Пакистан ќе сакаа да носат бурка. Сепак, тие не го прават тоа, иако Мароканките, на пример се исто толку религиозни, колку и жените во Пакистан, Либија, Египет и Иран.

Нурката е симбол на основниот ислам во вахабистичката интерпретација. Бурката е симбол на основниот ислам во “Исламска држава” (ИД), при Талибанците во Саудиска Арабија и на друго место. Таа не е симбол ниту на благочестие, ниту на религиозна практика.

До каде се протега толеранцијата

Може да се каже дека во една религиозно рамнодушна земја како Германија верската слобода важи за сите вери. Но до каде се протега толеранција?
Вклучува ли таа во себе и обрезувањето на младите девојки во исламските земји? Или признатотоа право на мажот да ја злоупотребува жената? Вклучува ли во себе и непостоечко право на самоопределување на жената? Треба ли да трпиме сето тоа само затоа што сакаме да бидеме религиозно толерантни?

Бурката ја претвора жената во затвореник. Тоа го негира и нејзинотот право на самоопределување во општеството. Како облека бурката и противречи на човековото достоинство и еднаквоста меѓу половите. Затоа општеството треба да се запраша: до каде се простираат компромисите спрема радикалните форми на исламот? И до каде се протега либералната толеранција? Спорот за забраната на бурката е претежно политички. И главниот збор во овој спор гласи: како да пристапуваме спрема непријателите во отвореното општество?

Корисно и потребно е либералното општество да стави јасно разграничување. Односно да забрани бурка во Германија. Исто како и полигамијата, детските бракови и обрезувањето на девојките во името на религијата. Тоа значи дека политичарите треба да кажат “НЕ”. За останатото ќе се грижиат правниците.