Ренци вети дека парламентарни избори ќе има следната година

од Vladimir Zorba
90 прегледи

zx450y250_2815296 (1)

Во Италија ќе има парламентарни избори пред 2018 година, независно од тоа како ќе помине референдумот за уставни реформи, изјави премиерот Матео Ренцио, цитиран од агенцијата “Ројтерс”.

Ренцо стана премиер пред две години, откако Демократската партија ја повлече поддршката кон тогашниот лидер и премиер Енрико Лета. Во тоа време тој беше градоначалник на Фиренца, а откако го замени лета, стана најмладиот премиер во историјата на Италија.

Тој ја заложи политичката иднина со референдумот, кој ќе се одржи во текот на есента, и објави дека ќе поднесе оставка ако неговите предлози за уставни промени не бидат одобрени.

Сега премиерот појасни дека без разлика дали Италијанците ќе гласаат со “да”, пред 2018 година ќе се одржат парламентарни избори. Од Втората светска војна наваму ниту една влада во Италија не го истуркала целосен мандат.

41-годишниот поранешен градоначалник на Фиренца призна минатата недела дека направил грешка, кога во референдумот го ставил личен интегритет. Аналитичарите, сепак се обединети во своето размислување дека е премногу доцна за промена и гласањето ќе биде практично референдум за управувањето на Ренци што продолжува две и пол години.

Иако успеа да ги протурка реформите на пазарот на трудот, влошената економска перспектива значи дека пресудата на гласачите е на кантар. Ова го засилува притисокот врз Ренци да го претстави буџет кој ќе му ја врати поддршката на гласачите со цена на судир со Брисел.

Министерот за економски развој Карло Календа доддаде дека треба да се разбере дека владата планира да ги игнорира препораката на ЕУ за големината на буџетскиот дефицит, откако ќе се претстави пакет, кој има за цел стимулирање на растот на економијата.

Што ќе се гласа на референдумот

Ако промените во уставот бидат прифатени, Сенатот повеќе нема да учествува во одобрувањето на буџетот или прифаќање на поголемиот дел од другите закони и нема да може да се урне владата, како не му изгласа доверба. Овие овластувања ќе има само Домот на пратениците.

Се задржува правото на сенаторите да учествуваат во изборот на шеф на државата и на уставните судии. Сенатот ќе може и да нуди промени на законите, одобрени од страна на Домот на пратениците, но овие предлози нема да се правни обврзувачки.

Бројот на сенаторите ќе биде намален од 315 на 100, кои нема да се избираат директно, а од властите на 20-те италијански области. Идејата е тој да ги претставува интересите на регионалните власти во управувањето со земјата. Истовремено се зголемуваат ингеренциите на централната влада за сметка на областите кои ги губат повеќето овластувања, на пример во политиката за заштита на животната средина, националните транспортни мрежи, енергетската политика и др.