Google објави дека започнува да ја распространува новата генерација на Android до телефоните Nexus. Со тоа Android 7 Nougat ја завршува разработката по распоред, но за жал повторно ќе потрае доста време пред масовно телефоните да започнат да го користат.

Интернет гигантот вели дека направил над 250 големи промени во Nougat. Меѓу нив се мноштвото нови емотикони, полесн менија за брз пристап до поставувања и др. Додатоците ќе одржуваат по неколку јазични локации истовремено, што значи дека корисниците кои зборуваат повеќе од еден јазик, ќе можат да користат локализирани верзии на апликациите и да бараат на неколку јазици истовремено.
Android 7 Nougat воведува и поддршка за користење на две или повеќе апликации истовремено во одделни прозорци на екранот. Платформата има и подобрен систем за управување со енергијата, која ќе го зголеми животниот век на батеријата преку мноштво ситни корекции и промени со кои уредот ќе процени кога да ги користи максималните ресурси и кога не.
Оперативниот систем ја поддржува платформата за мобилната виртуелна реалност Daydream. Таа е и посигурна со повеќе системи за заштита, подобрен процес за обнова и енкрипција на одделни датотеки.
Android 7 ќе се нуди за Nexus 6, 5X, 6P, 9, Android One, Nexus Player и Pixel C. Компанијата вели дека ќе бидат потребни неколку недели додека сите овие уреди добијат новата платформа. Првиот нов телефон кој ќе се нуди со Android 7, ќе биде LG V20. Производителите на паметни телефони сами ќе проценуваат кои модели да ги обноват со Nougat и кога.