
Најмногу освоија од оваа фраза ултрадесните политичари од партијата “Алтернатива за Германија”
“Можеме да го направиме тоа” е фраза на Ангела Меркел, со која таа веќе пета година, откако во земјата почна миграциската криза ја користи во решавањето на проблемот, пишува Politico.
“Можеме да го направиме тоа” (Wir schaffen das, во во англиското говорно подрачје варијанта – We can do it, а точната смисла на оригиналнот е “Ние ќе се справиме” – таков беше дрзок одговорот на Ангела Меркел на миграциската криза што ја зафати Европа.
овие зборови наоѓаат одговор и една година подоцна, но не таков каков што сакаше “- пишува Politico.
Сојузниот канцелар на Германија повторуваше таа фраза одново и одново како магија и секој пат нејзините противници, па дури и членови на нејзината партија запаѓаа во бес, прецизира весникот.
“Луѓето едноставно се уморни да слушаат фразата Wir schaffen das” – објасни Карл-Георг Велман, парламентарец од ХДЗ.
– Владата изврши одлична работа, реагирајќи на бегалската криза, но бескрајно повторување на “Можеме да го направиме тоа” испраќа погрешни сигнали.
Минатата година Мерки изјави “Можеме да го направиме тоа” и ги отвори вратите за илјадници бегалци, главно од Сирија.
Politico забележува дека канцеларката имала благи намери, но откако таа со месеци го користела овој израз за оправдување на политиката, таа за Меркел стана “комуникациски кошмар”.
“Оваа фраза е жив пример дека јазикот не е само декорација за политиката. Јазикот е политика “- ја коментира ситуацијата Елизабет Уелинга од Универзитетот Беркли.
Според неа, фразата на Меркел си постави за себе цел да ги разпробуди кај луѓето емоции како единство и соживување. Меркел сепак оваа фраза целосно ја изолира, без да ја користи во однос на неа и за тоа не дони никаква противтежа односно резултатат. Таа само им овозможи на нејзините противници да ја користат фразата против неа.
Politico забележува дека повеќе од сите од оваа фраза освоија ултрадесните политичари од партијата “Алтернатива за Германија”.