(ВОЈНА ВО ЖИВО) Турската армија го чисти Џараблус од терористите на “Исламска држава”

од desk3
133 прегледи

Армијата на Турција започна утрово, широката операција за уништување на терористите од “Исламска држава” во северниот сириски град Џараблус. Во воените дејствија учествуваат авијација и артилерија, специјални единици и блиндирана техника.Турската артилерија и авијација веќе уништија над 80 цели на “Исламска држава” во регионот, јави ТАСС, повикувајќи се на турски медиуми. Турските борбени авиони уништиле целосно 12 предефинирани објекти на “Исламска држава”, а артилеријата со масовен оган преку границата ликвидирала уште 70 цели.

https://youtu.be/oL5UVwDny5M

Армијата продолжува со операцијата против “Исламска држава” во Џараблус. Над градот се издига црн чад од погодоците на гранатите. Турската армија користи хаубици и реактивни системи за прснувачки оган.

(ВИДЕО) ТУРСКА ИНВАЗИЈА ВО СИРИЈА! ДЕЈСТВУВААТ АВИЈАЦИЈА, АРТИЛЕРИЈА И ОКЛОПНО-МЕХАНИЗРАНИ ЕДИНИЦИ…

Турските воени извори објаснуваат дека не станува збор за непосредна турска операција во Сирија, но чистањето на градот од исламисти се врши од армиски специјални делови и вооружување сили. Тие даваат поддршка и на сириските сили кои се борат со “Исламска држава”.1472032055-3