Има голема веројатност да се пропуштиле да ги прочитате условите за користење на Facebook. Ако ги виделе детално ќе знаевте дека политиката на социјалната мрежа во поглед на цензурата е нејасна и збунувачка. При последните протести на Афроамериканците во САД таа беше повеќе од очигледна од било кога.

Мислења и видео на црнците во судири со полицијата беа укинат од различни причини, што навлече на Facebook обвиненија за цензура. Но дали е навистина така? Од сајтот CNET одговараат на некои од најважните прашања на оваа тема.
Која е целокупната политика на Facebook за цензурата?
Facebook сака да биде платформа, во која луѓето ќе се чувствуваат слободни да се искажат. Говорот на омраза, поттикнување тероризам и порнографијата се забранети. Како алтернатива на цензурата сепак се прифаќа т.н. “контра говоро. Идејата е дека ако некој одговори на забранет пост, со тоа што ќе објасни што му е лошо и некоректно, тоа ќе има поголем ефект од бришење. Facebook најверојатно не би отстранил слика со насилство, ако е насловена “Тоа е лошо”. Но ако најави или поттикнува кон незаконски активности, постот ќе биде симнат.