(ВИДЕО) Голот на Меси најубав во минатогодишната сезона на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
77 прегледи

download

Голот на Лионел Меси постигнат во дуелот против Рома, минатата сезона во Лигата на шампионите, е прогласен за најдобар.

Во гласањето членот на Барселона добил 73.331 гласови, односно 34 отсто од фановите, кои сметале дека неговиот погодок е најдобар. Прекрасниот гол беше постугнат на дуелот против „римската волчица“, во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во таа акција, каталонскиот гигант уште еднаш ја презентираше „тика-така“ играта. Топката вкупно 26 пати мина од еден до друг играч на Барселона, по што Меси успешно реализираше.

https://youtu.be/t6v_Ri_PZ0I