(ВИДЕО) Шапуриќ: ЛДП ќе продолжи со заложбата за воведување на “Викенд без данок“ (Tax-free weekend)

од Vladimir Zorba
96 прегледи

sapurik

Интегрален текст од прес конференцијата на потпретседателот на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ:

Веќе четири години Либерално-демократската партија доследно се залага за воведување на викенд без данок, односно “tax free weekend”. За време на овој викенд државата би се откажала од данокот. Во повеќе држави на С.А.Д. ваквата пракса егзистира повеќе од  петнаесет години. Во најголем дел од случаите, овој викенд без данок се реализира во август, пред почетокот на школската година. Поради се’ поголемиот интерес кај американските граѓани, во некои држави викендот без данок е продолжен и се трансформира во недела без данок.

 Викендот без данок е воведен со цел да се поттикне потрошувачката и да се овозможи населението да се снабди по пониски цени со одредени производи, а особено за потребите на децата пред отпочнување на школската година пред се’, опремување со училишен прибор, компјутери, обувки, облека и слично. Ако се има предвид дека продавачите во овој викенд ги намалуваат дополнително своите своите маржи,  јасно е дека се работи за потрошувачки бум, кој ја зголемува потрошувачката во овој период и придонесува за пораст на економијата, со што продажбата на овој начин нуди поволности и за потрошувачите и за трговците. Првите добиваат можност да ги намалат трошците за купување  во период кога семејните буџети се преоптеретени, додека вторите добиваат можност да го зголемат прометот.

Иницијативата за воведување на викенд без данок, односно за ’tax free weekend’, наиде на мошне поволен прием како кај граѓаните, така и кај трговците. За жал, власта воопшто не покажа слух за оваа иницијатива на ЛДП.
По промената на власта, во новата влада во која ќе партиципира, ЛДП ќе ја реализира оваа своја долгогодишна заложба.