Еве што мислат германските граѓани за носење на бурка

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 За целосното покривка на лицето ,нема место во Германија, изјави претходно Де Мезиер

1465385340-gettyimages-81843500
Голем дел од германските граѓани го поддржуваат воведувањето на забрана за носење на бурка во Германија. Ова  го покажува студија за телевизискиот канал ARD, цитирано од националниот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Секој втор Германец (51%) би сакал сеопфатна забрана за носење бурка, а секој трет би бил задоволен и на делумни ограничувања – за училиштата и јавните служби. Граѓаните кои принципиелно не поддржуваат воведувањето на забрана, се 15%.
Потсетуваме дека пред една недела министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер изјави: “Ние сме против носењето на целосна покривка (Бурка) во Германија – тоа нема место во нашата земја и не одговара на нашето разбирање за улогата на жената “.