Причините за едно неверство можат да се многу и различни. Но недостатокот на женско одобрување е една од водечките причини, кои го насочуваат посилниот пол кон туѓиот кревет. 
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на темата, пишува Business Insider . Истражувањето е објавено во книгата “Вистината за изневерите”, чиј автор е М. Гери Њуман.
За целите на истражувањето биле забележани и испрашувани повеќе од 200 неверни мажи. Резултатите констатираат дека една од најчестите причини за неверство е недостатокот на пофалби и одобрение од страна на понежните половинки.

Тоа ги турка мажите да бараат одобрување на друго место. Најчесто го наоѓаат во канцеларијата меѓу колешките. Според податоците од истражувањето 40% од изневерите на мажите кои учествувале во истражувањето, се токму со колешки.
Најчудното и шокантно во овој заклучок на студијата е дека не убавината и привлекувањето се во основата на машките неверства. Такво е општото верување, а очигледно не е сосема точно. Машкото его има повеќе потреби од машкото око. 
88% од анкетираните мажи споделиле дека изневериле со жени, помалку атрактивни од нивните сопруги, пишува redbookmag.com.
Охрабрувачки е дека 68% од мажите признале дека се чувствуваат виновни поради неверството. Тие биле свесни дека прават нешто погрешно и лошо.